Програма против опаѓање на косата
Вашата коса – украс, но и грижа...
Што треба да се знае за причините за опаѓање на косата? Растот на косата
не е континуиран, туку цикличен, и се состои од три фази:
1. активен раст (анаген), кој трае од две до шест
години;
2. транзиционен период (катаген), кој трае не- колку недели.
Метаболичката активност се заба- вува и базата на задебелениот дел од
коре нот на влакното се движи кон површината на кожата;
3. мирување (телоген), кое трае повеќе недели. Базата на задебелениот
дел на влакното атро- фира и добива валчест облик. Новото влакно почнува
да расте под телогеното влакно, кое на крајот се губи на скоро ист начин
на кој што кај децата трајните заби ги заменуваат млечните.
На врвот или на темето на главата косата расте околу
16 цм годишно, а во пределот на слепоочниците околу 14 цм годишно. На
нор- малната, здрава кожа на главата околу 80-90% од косата е во
анагена, 1-2% во катагена и 10-20% во телогена фаза. Дневното опаѓање на
околу 50- 100 влакна се смета како „нормален губиток на коса“. Честа
причина за губитокот на коса е наруше- ниот циклус на растот на косата –
во фаза на раст има помалку коса во анагената, а повеќе во телогената
фаза. Резултат: тенка, крта (кршлива) коса, со зголемен губиток,
опаѓање.
Решение постои!
Новите биоактивни супстанции, како дел од Hemel Hair Care, ги решаваат
ваквите проблеми, бидејќи зго- лемениот губиток на коса успешно се
сузбива со отс- транување на причините за нарушувањето на циклу- сот на
раст на косата. Благотворното дејство на биоактивните компоненти,
комбинирано со активни поливалентни билни екстра- кти (див костен,
камилица, хмељ, матичњак, мирудија, имела и ајдучка трева) и
дополнително зајакнато со витамини A, E, F, H, H’ и B комплекс,
формулираат производ кој дејствува превентивно, но и ја подобрува веќе
затекнатата состојба.
Како дејствува?
1. Биоактивните сигнални молекули ги оживуваат клетките на кожата на
главата, како и фоликулата на влакното, и ја стимулираат биосинтезата на
протеини.
2. Inozit-от го стимулира ефектот на метаболизам на кожата и така го
спречува оштетувањето на косата.
3. DL-etilpantenol–от се метаболизира во пантотен- ска киселина во
кожата. Тој ја подобрува состојбата на оштетената коса, ја зголемува
влажноста и ја штити косата од штетните влијанија на средината и другите
негативни фактори.
4. Аминокиселините богати со сулфур, N-acetil- cistein и
N-acetil-metionin дејствуваат против себоре- ичните промени на кожата на
главата и на тој начин го спречуваат настанувањето на првут и
зголеменото мрсење на косата.
Проблемот е решен!
Во периодот на користење на производите кои содржат биоактивни
компоненти остваруваме:
•
нормализација на циклусот на раст на косата кај лица кои имаат проблеми
со опаѓање на косата;
•
нормализација на неумереното лачење на ензимот sebum и спречување на
создавањето на првут;
• стимулација
на виталноста на косата и подобру- вање на состојбата на веќе оштетената
коса.